НЕПОИМЛИВО ПОИМЛИВ

НЕПОИМЛИВО ПОИМЛИВ

кон новата стихозбирка „Насекаде“ од Епископ дремвитски Давид (Нинов)

Не­сом­нен е фак­тот де­ка во мнош­тво­то кул­ту­ри на ба­зич­ниот свет, во мнош­тво­то кул­тур­ни прав­ци на чо­ве­ко­во­то по­стое­ње, не при­сус­тву­ва е­сха­то­ло­ги­ја­та. По­стои са­мо не­как­во блес­ка­во ми­на­то, не­ка­ков сјаен по­че­ток по­сле кој сѐ за­по­чна­ло да се ру­ши. Следст­ве­но, цел­та на го­реп­ре­до­че­ни­те кул­тур­ни прав­ци чес­то­па­ти е вра­ќа­ње­то на­зад, вра­ќа­ње­то на по­че­то­кот, о­днос­но по­стиг­ну­ва­ње на не­как­ва пр­во­бит­на сос­тој­ба од ко­ја чо­ве­кот о­дам­на се о­дмет­нал. Так­ва­та на­со­че­ност кон ми­на­то­то, ко­ја го ис­клу­чу­ва novum-от на прет­стој­но­то, ко­ја ги от­фр­ла из­не­на­ду­ва­ње­то и у­ба­ви­на­та, кои проис­хо­дат од неп­ред­вид­ли­вос­та на и­дни­на­та, стре­ми кон о­тсус­тво на чувст­во за ис­то­ри­ја­та, стре­ми кон из­ба­ву­ва­ње од о­вој кон­кре­тен миг, од тоа што го но­си жи­во­тот и раз­во­јот на ве­ко­ви­те.

О­чиг­лед­но, Е­пис­ко­пот дрем­вит­ски г. Да­вид (Ни­нов), ни­ко­гаш не прес­та­нал да пи­шу­ва и ги пи­шу­вал сти­хо­ви­те од о­ваа збир­ка на­се­ка­де ка­деш­то па­ту­вал, од А­ти­на и Је­ру­са­лим, по­тоа Све­та Го­ра и Си­нај, пре­ку Лос А­нџе­лес и Чи­ка­го, до на пр., Сид­неј и јуж­ноа­фри­кан­скиот Јо­ха­нес­бург. Таа о­тво­ре­ност на­се­ка­де за сред­ба со дру­гиот, со раз­лич­ниот, пра­ви ствар­нос­та во сти­хоз­бир­ка­та „На­се­ка­де“ да би­де ви­де­на низ приз­ма­та на и­дни­на­та, низ приз­ма­та на не­пои­мли­во­то, и, на е­ден па­ра­док­са­лен на­чин е­сха­то­лош­ко­то да би­де оп­ри­сут­не­то се­га и о­вде, а не­пои­мли­во­то ис­тов­ре­ме­но да ста­не и пои­мли­во!

Во не­го­ви­те сти­хо­ви, о­чиг­лед­но на­се­ка­де е при­су­тен, ка­ко што Е­пис­ко­пот Да­вид го и­ме­ну­ва – Фу­ту­рот. Иа­ко сти­хот­во­ре­цот е мр­тов, тој е све­сен за сво­ја­та смрт; заи­нте­ре­си­ран е ка­ков о­днос ќе и­ма Гра­дот кон Фу­ту­рот; во не­кои, пак, нас­ло­ви нед­вос­мис­ле­но јас­но е из­ра­зе­на ток­му нос­тал­ги­ја за Фу­ту­рот.

Згус­на­то ре­че­но, во о­вие сти­хо­ви по­стои е­дно про­ник­ну­ва­ње на ство­ре­но­то со Нес­тво­ре­ниот, про­ник­ну­ва­ње кое се сог­ле­ду­ва пре­ку из­ра­зи­те сог­лас­но кои чо­ве­кот ба­ра да го ви­ди тоа што всуш­ност вез­ден го гле­да, му би­ва о­бја­ве­но нео­бјав­ли­во­то, го слу­ша не­чуј­но­то, го пои­ма не­пои­мли­во­то, го до­би­ва тоа што не мо­же да го до­бие.

Во пое­зи­ја­та на Е­пис­ко­пот Да­вид, не­пои­мли­ва­та ствар­ност прет­ста­ву­ва ствар­ност, ко­ја пре­ку сти­хо­ви­те са­ма­та се от­кри­ва се­бе си. Во а­псо­лут­на­та смис­ла на збо­рот, за нас не­пои­мли­во­то би би­ло не­дос­тиж­но и нес­по­знај­но, до тој сте­пен што ние а­псо­лут­но ниш­то не би знае­ле за не­го, не би би­ле свес­ни за не­го­во­то по­стое­ње, до­кол­ку не би по­стоел тој о­сно­вен факт де­ка не­пои­мли­во­то е о­тво­ре­но, ни се от­кри­ва, и ние во не­го соу­чес­тву­ва­ме.

Ко­ја е при­чи­на­та за чо­ве­кот вооп­што да не ја за­бе­ле­жу­ва таа о­бласт на пои­ма­ње на не­пои­мли­во­то, ко­ја и­ма своео­бра­зен о­блик на бивст­ву­ва­ње! Чо­ве­ко­ва­та свест во го­ле­ма мер­ка е ис­по­лне­та со пред­мет­но­то бивст­ву­ва­ње и при­ко­ва­на е за не­го, та­ка што е нак­ло­не­та, сѐ што ѝ е дос­тап­но, да го пер­ци­пи­ра ис­клу­чи­во ка­ко дел од пред­мет­ниот свет. Но, о­дред­ба­та: ду­хов­но бивст­ву­ва­ње, внат­реш­но бивст­ву­ва­ње, во ни­ту еден миг не е ис­клу­че­на од сос­та­вот на пред­мет­ниот свет. Нап­ро­тив, тоа е дел од не­го! Во о­вој слу­чај, и пое­зи­ја­та е е­ден вид воп­ло­ту­ва­ње на внат­реш­на­та е­гзис­тен­ци­ја!

О­тту­ка, збир­ка­та „На­се­ка­де“ е о­бое­на со свои за­ко­ни­тос­ти, со сво­ја „гра­ма­ти­ка“ и јас­но го из­ра­зу­ва ста­вот на П. Ва­ле­ри де­ка про­за­та прет­ста­ву­ва про­шет­ка на мис­ла­та, а пое­зи­ја­та е неј­зи­ниот танц.

Следст­ве­но, поет­скиот из­раз на Е­пис­ко­пот Да­вид от­ста­пу­ва од прак­тич­на­та, од се­кој­днев­на­та нор­ма и на­мес­та, ус­лов­но ре­че­но, со не­го­ва­та тран­сцен­ден­тност ста­ну­ва мал­ку по­те­жок за раз­би­ра­ње. Но, оп­што, збо­рот на пое­тот си из­ис­ку­ва из­веж­ба­ни се­ти­ла и е­сте­ти­зи­ра­на со­вест, кои ќе мо­жат да го при­мат. О­ној, кој чи­та пое­зи­ја не нас­то­ју­ва се­ко­гаш на лес­но вос­прие­ма­ње на сти­хо­ви­те, ту­ку дла­бо­ко е све­сен за збо­ро­ви­те на пое­тот но­бе­ло­вец О­ди­сеј Е­ли­тис, кој пре­до­чу­ва де­ка поет­скиот ис­каз се тол­ку­ва во ду­ша­та со тре­пет, тре­пет кој про­дол­жу­ва мно­гу дла­бо­ко и да­ле­ку, та по­не­ко­гаш стиг­ну­ва до та­му да не­ма ни­как­ва до­пир­на точ­ка со из­вор­но­то зна­че­ње на збо­ро­ви­те; т.е., чо­ве­кот мо­же да фа­ти пти­ца со не­го­ва­та мре­жа, но не мо­же да го фа­ти неј­зи­но­то цр­цо­ре­ње, би­деј­ќи за тоа е по­треб­на до­по­лни­тел­на­та вол­шеб­на мре­жа на пое­зи­ја­та!

Поет­скиот из­раз на о­ваа збир­ка се нао­ѓа над стро­га­та ја­зич­ка дис­цип­ли­на. Нас­про­ти ја­зи­кот на нау­ка­та, поет­скиот ја­зик фа­во­ри­зи­ра по­ве­ќез­нач­на смис­ла за ко­јаш­то ва­жи из­ре­ка­та на Хе­рак­лит: „Ни­ту ка­жу­ва, ни­ту крие, ту­ку зна­чи“! Та­ка со сим­бо­ли­те и ме­та­фо­ри­те, сти­хо­ви­те во о­ваа збир­ка ни ну­дат е­дна о­нто­лош­ка па­но­ра­ма, ко­ја да­ру­ва из­не­на­ду­ва­ње, е­стет­ски мор­ни­ци, ис­туп­ле­ние.

Се чи­ни де­ка бес­крај­на­та дла­бо­чи­на на чо­ве­ко­ва­та внат­реш­ност, од древ­нос­та, па до де­нес, се из­ра­зу­ва со пое­зи­ја. И­мај­ќи ги гран­ки­те и лис­ја­та дла­бо­ко во зем­ја­та на пре­да­ние­то, а ко­ре­ни­те ви­со­ко во не­бо­то на и­дни­на­та, „На­се­ка­де“ го све­до­чи Хај­де­гер, кој ве­ли: „Суш­ти­на­та на пое­зи­ја­та и суш­ти­на­та на чо­ве­ко­ва­та лич­ност се поис­то­ве­ту­ваат“.

 

Рецензира: Јанинка Невчева

Сподели :

Последни објави

Најубавиот новогодишен подарок

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски
Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка