Партнери

Меѓународни и домашни партнери на Издавачкото Друштво „МАКАВЕЈ“

ИД Макавеј активно учествува на меѓународни конкурси за финансирање преводна литература на македонски јазик. Некои од организациите кои помогнале преводи на своите национални автори на македонски јазик се:

Холандската фондација за литература

Камоиш

Институт за јазик и соработка го поддржува меѓународното објавување на дела произведени од автори на португалски јазик преведени на други јазици, како и дела на теми поврзани со португалскиот јазик и култура.

Каталонскиот Институт „Рамон Лул“

е јавно тело основано за да ги промовира студиите по каталонски јазик на универзитетите во странство, преводот на литература и филозофија напишани на каталонски и каталонската културна продукција во други области како театарот, филмот, танцот, музиката, визуелните уметности, дизајнот и архитектурата.

Генералната дирекција за книга, архиви и библиотеки (ДГЛАБ)

е јавно тело под покровителство на Министерството за култура. Нејзината цел е да се дефинира и надгледува координацијата и спроведувањето на интегрирана политика за неучилишни и библиотечни книги на национално ниво, како и ширењето на португалските литературни дела и писатели на меѓународно ниво

Германската фондација за меѓународна правна соработка

Deutsche Stiftung für Internationale Rechtliche Zusammenarbeit e.V. или IRZ) е основана во 1992 година на иницијатива на германскиот сојузен министер за правда, Др. Клаус Кинкел, како регистрирано непрофитно здружение.

Системот за грантови SLOLIA

е воспоставен во 1996 година од страна на Литературниот информативен центар. Главната цел на системот за субвенционирање е да се поддржи издавањето преводи на словачка литература во странство.

COPYRO

Друштво за колективно управување со авторски права е непрофитно здружение на романски правни лица според приватно право

ТРАДУКИ

е европска мрежа која ја поврзува Југоисточна Европа со германското говорно подрачје преку средствата за литература, имено книги, преводи, фестивали, работилници и резиденцијални програми за автори и преведувачи. Згора на тоа, ТРАДУКИ ги поврзува и соседите од Југоисточна Европа меѓу себе.

Едицијата „100 словенски романи“

е меѓународна книжевна програма која ја промовира современата словенска литература напишана по падот на Берлинскиот ѕид. Едицијата е многу успешен пример за книжевна размена меѓу словенските култури, воспоставувајќи блиски врски меѓу словенските писатели, преведувачи и читатели од Белорусија, Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Руската Федерација Србија, Словачка и Словенија.

Купи книга / kupikniga.mk

Министерството за култура и спорт при Владата на Кралството Шпанија

Националната библиотека
на Ерменија

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!