Историјат

Из­да­вач­ко­то друш­тво Ма­ка­веј во ма­ке­дон­ско­то из­да­ваш­тво увер­ли­во ги афир­ми­ра на­јис­так­на­ти­те ав­тор­ски по­ја­ви во ма­ке­дон­ски­от кни­же­вен и кул­ту­рен прос­тор и во до­ме­нот на пре­вод­на­та ли­те­ра­ту­ра на ма­ке­дон­ски ја­зик и на де­ла од ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра на дру­ги ја­зици.

Ма­ка­веј од своите почетоци по­ка­жу­ва по­себ­на гри­жа за ма­ке­дон­ски­те мла­ди ав­то­ри а со афир­ми­ра­ни­те твор­ци (по­ети, про­за­исти, на­уч­ни­ци и пре­ве­ду­вачи) по­сти­гну­ва ви­со­ки дос­тре­ли во од­дел­ни об­ласти.

ИД Ма­ка­веј се­ко­ја из­да­вач­ка се­зо­на во­ди гри­жа и зас­та­пу­ва во сво­ја­та едици­ја за пре­во­ди вид­ни свет­ски, бал­кан­ски и до­маш­ни ав­то­ри од не­ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­ност. Во из­ми­на­ти­те се­зо­ни се об­ја­ви­ја пре­во­ди на стотици врв­ни де­ла светската и балканските литератури.

Ма­ка­веј ги доб­ли­жу­ва сво­и­те из­да­ни­ја до чи­та­те­ли­те пре­ку број­ни­те про­мо­тив­ни ак­тив­ности, пре­ку сво­ја­та елек­трон­ска стра­ни­ца (www.makavej.com.mk), пре­ку жи­ви­те пре­зен­та­ции во учи­лиш­та­та и биб­ли­о­те­ки­те и пре­ку сред­ства­та за јав­но ин­фор­ми­рање.

  • Во из­ми­на­ти­те 17 го­ди­ни Ма­ка­веј осо­бе­но ја раз­ви­ва коп­ро­дук­цис­ка­та со­ра­бот­ка со не­кол­ку бу­гар­ски из­да­ва­чи и на тој на­чин врши афир­ма­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра во Бу­га­рија. Об­ја­ве­ни се на бу­гар­ски ја­зик де­ла од Ра­цин, Т. Ге­ор­ги­ев­ски, Ра­до­ван Пав­лов­ски, Ми­ха­ил Рен­џов, Мит­ко Ма­џун­ков, Али Алиу, К. Ќу­лавкова, М. Јо­ва­нов­ски, Ким Мехмети, Р. Ла­за­ров, Б. Цвет­коски, Т. Пет­ров­ски, Блаже Минески, М. Стефа­нов­ски, Ивана Џепароски, и на уш­те 30-ти­на дру­ги ма­ке­дон­ски пи­са­тели.

  • Од 2007 година, Ма­ка­веј ја ор­га­ни­зи­ра ме­ѓу­на­род­на­та ма­ни­фес­та­ци­ја „Ма­ке­дон­ска кни­жев­на ви­зи­та во Со­фија“ и со го­лем ус­пех се­ко­ја го­ди­на ја над­гра­ду­ва со но­ви сод­ржи­ни и об­ли­ци на со­ра­бот­ка ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те и бу­гар­ски­те пи­са­тели. Во тие рам­ки Ма­ка­веј при од­ржу­ва­ње­то на се­ко­ја ма­ни­фес­та­ци­ја во Со­фи­ја на МКИЦ во Со­фи­ја му по­да­ру­ва кон­тин­гент но­ви кни­ги од споп­стве­на­та про­дук­ци­ја и од дру­ги ма­ке­дон­ски из­да­вачи.

  • Во рам­ки­те на ма­ни­фес­та­ци­ја­та Макавеј ја до­де­лу­ва и Наг­ра­да­та „Ма­ке­дон­ски кни­же­вен Де­дал“ ко­ја му се до­де­лу­ва на зас­лу­жен бу­гар­ски ав­тор за афир­ма­ци­ја­та на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра во Ре­пуб­ли­ка Бу­га­рија.

  • Во рам­ки­те на про­ек­тот „100 сло­вен­ски ро­мани“ ИД Ма­ке­веј го ре­а­ли­зи­ра ро­ма­нот „До­не­се­на од маг­лата“ од сло­вен­сч­ки­от пи­са­тел Фе­ри Ла­инш­чек и ро­ма­нот „Тур­ски гам­бит“ од рус­ки­от пи­са­тел Бо­рис Аку­нин и од Ди­рек­ци­ја­та на Фо­ру­мот на сло­вен­ски­те кул­ту­ри до­би по­себ­ни писме­ни бла­го­дар­нос­ти и по­фал­би за ви­со­ка­та пре­о­фе­си­о­нал­ност во ре­а­ли­за­ци­ја­та на до­ве­ре­на­та за­дача.

  • ИД „Ма­ка­веј“ за­ед­но со „Ма­ке­дон­ска реч“ во 2010 го­ди­на го ор­га­ни­зи­раа и ре­а­ли­зи­раа ма­ке­дон­ско­то држав­но прет­ста­ву­ва­ње на Ме­ѓу­на­род­ни­от са­ем на кни­га­та во Москва.

  • ИД Макавеј активно учествува на меѓународни конкурси за финансирање преводна литература на македонски јазик. 

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка