Топ Наф е препознатлива по вечниот интерес кон жената во нејзините романи. Една од нејзините најомилени книги е „Летје или патот до среќата“. Тоа е приказна за едно мало девојче кое расте во мирна средина од средна класа на почетокот на дваесеттиот век. Ја воспитуваат нејзината мајка, татко и баба. Ја учат дека сите нивни одлуки се за нејзино добро. Кога Летје полни осумнаесет години, девојка како мајка ѝ пред неа, а баба ѝ пред тоа, се свршува со Адријан, кој „случајно“ е син на шефот на нејзиниот татко. Летје се мажи затоа што така треба, без да се праша зошто всушност стапува во брак и без да знае што бара од тој брак. А мајчинството за неа значи исполнет живот, нешто што ќе ѝ го
исполни времето. Приказната за Летје е раскажана со нежност и иронија. Тоа е чувствителна анализа на животот на едно дете и девојче и одлична слика за една ера која засекогаш исчезнала.
500,00 ден
На залиха
500,00 ден
На залиха
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции