Македонската историја запомнила секакви атентати, секакви убиства: заради политички цели, заради казна, заради предавства, заради одмазда, заради властољубие, заради алчност. И мотивите за предавствата се разно-разни: предавства од интерес, предавства од нужда, случајни или намерни, но повеќето од нив, по правило, завршуваат со крвопролевање, со човечки жртви. Тука се преплетува заедничката судбина на народот со личните драми на поединецот, храброста со кукавичлукот, идеалот со предавството, саможртвата со убиството. Везилката ги плете црвената и црната нишка на нашата историја во која зад херојството и саможртвата, зад несопирливите копнежи за слобода на Македонецот, како змија прокобница се провлекла уште една историја – мрачна, тегобна, историја на предавствата, на себеуништувањето, на крвавото посегање на брат врз брата… Колку ли имаме жртви, колку ли убивања на самите себе, забележани и незабележани во црната хроника на македонските умирања? Дали предавството е судбина на Македонецот и негово проклетство низ вековите? Колку ли херојски чинови биле пресечени со срамни предавства, на свои од свои, колку ли животи паднале во бесмислените атентати на брат врз брат или во подмолното посегање на туѓите раце врз Македонија и македонското дело? Историјата се повторува – од Филип II до Киро Глигоров, од антиката до современиот свет. Илјадници, имени и безимени, жртви и херои на бесмислата на македонските себеодмазди.
800,00 ден
800,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции