„На врв од острицата“ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат кри-
тичарската активност на авторката во текот на повеќе од две децении.
Она што ги обединува овие текстови е живиот, страстен и едуциран интерес на Спасовска за маке-
донската литература и во тие рамки, доминантно за поезијата. Токму таквиот фокус ѝ придодава посебно значење на оваа книга, која со самиот наслов ја манифестира тенденцијата да биде валоризаторски аналитична, прецизна и јасна.
Авторката загатнува низа значајни проблемски пунктови и преку анализите и коментарите првенстве-
но придонесува за опфатно и квалитетно толкување на македонската современа поезија, како и на поопштите процеси и појави во македонската литература, но и на некои глобални културолошки феномени.
Соња Стојменска-Елзесер
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции