Се чини дека многумина не го ни познавале Кис Бакелс, а тоа навистина не е разбирливо. Зарем тој не е најважното момче што некогаш постоело? Само заради некои несреќни случајности не стана познат човек, но тој не можеше да го спречи тоа, нели? Во секој случај, нема причина за да се преправаме како воопшто да не постоел. Покрај тоа, дури и ако Кис самиот не успеал да стен познат, има син: а тој сè уште ги има сите шанси за живот полн со слава. И ако некој подоцна го опише животот на тој славен син, зарем не би зажалил што навреме не го препознал таткото, барем повеќе или помалку, како некој што, исто така, не – бил – секој?
Оттука, произлегува и ова: ако синот на Кис порасне во голем човек – а мислам дека тоа е речиси извесно – тогаш тој делумно ќе му го должи тоа и на својот татко, зарем не?
400,00 ден
400,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции