Своите филозофски и книжевни „учители“, Дидро ги црпи во вековниот мајдан на европската цивилизација, од античката доба до времето во кое живее, од стара Грција и Рим до француските, италијанските и англиските современици. Меѓу низата омилени автори, оној што преку своите дела извршил најдиректно влијание во структурата на Фаталистот Жак, е бездруго англискиот романсиер Лоренс Стерн. Без оглед на тоа како ќе го квалификуваме делото „Фаталистот Жак и неговиот господар“ од Дидро: дали како апологија на слободата, како поема за патувањето, како манифест на фатализмот т.е. детерминизмот, како љубовно-еротска повест или нешто друго, факт е дека станува збор за оригинално, безвременско дело, своевидна спојка помеѓу литературните творби од епохите што му претходеле и предвесник на идните книжевни жанрови и постапки: антироманот, деконструкцијата, интертекстуалноста.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции