Со сите свои природни богатства со кои располага, нашата земја може самата да се прехранува и да опстојува, а со одредени предуслови и да понуди добри извозни производи. Меѓу тие производи и асортимани се производството и производите од коноп. Поради погрешна проценка за користа од растението коноп, како и неискуството во последните 60 години, не е направен никаков обид за стратегија, планови или документи поврзани со одгледување коноп, како и идни планови за индустријата на коноп како потенцијал за вработување во руралните области и создавање одржливи приходи.
Оваа книга ќе помогне во запознавањето со конопот како земјоделско растение кое може да овозможи ревитализација на домашното земјоделство и руралните средини во Македонија, за што побрзо да ја приклучиме оваа гранка кон индустријата, овозможувајќи економски раст со создавање на можност за
вработување и подобра искористеност на природните и човечките ресурси.
Оваа книга ќе помогне секој претприемач и менаџер на својата фарма да донесе квалитетна одлука за одредена инвестиција и претставува информативен документ што ќе помогне во подготовката и изработка на националната стратегија за коноп.
Градењето на силна индустрија за коноп е единствено можно со вклучување на сите образовни институции кои можат да помогнат во процесот на градење знаење и зајакнување на човечкиот потенцијал во нашата земја. Само квалификуваната работна сила може да придонесе Р. С. Македонија високо да се позиционира во овој сектор на светско ниво. Сега, кога и ООН и СЗО активно
го промовираат овој сектор, ова е шанса што треба да се искористи.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции