За Светиот Дух

Сподели :

Свети Василиј Велики потекнува од богата кападокиска фамилија. Роден бил во 329 или 330 година. Неговиот татко Василиј бил познат беседник во Неокесарија. Тој својот син го вовел во културната
сфера. Религиозниот карактер на свети Василиј бил изграден првенствено под влијание на неговата баба Макрина. Своето образование го стекнал прво во Кесарија, потоа во Цариград и на крај во Атина. Тука се сретнал со Григориј Богослов, со кого изградил длабоки пријателски односи. Во Атина го изучувал лекарскиот занает. Тука се изградил во сјаен говорник, изучувал филозофија и дијалектика. Во 354 година се вратил во татковината каде што настапувал како беседник. Но, набрзо се одрекол од световниот живот и се предaл на аскетски подвизи. Тогаш се крстил и се упатил на патување кон Сирија и Египет, сакајќи да ги види големите подвижници за кои се зборувало ширум целиот свет.
Во делото „За Светиот Дух“ се гледа неговиот живот и богословски подвиг кој се состои првенствено од точно и строго одредување на поимот за Светото Тројство. Тој докажува дека единиот Бог има три ли-
ца Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух. Општо земено, пристапот на свети Василиј кон проблемот за личното битие на Светиот Дух е многу оригинален, реален и проникнат од библиската духовност.

За Светиот Дух / Св. Василиј Велики ; превод [од хеленски] Оливера Димовска

Издавач :

Оригинален Наслов : Toy agioy basileioy peri toy ineymatos Biblion

ISBN : 978-608-205-434-6

Година :

Страници : 118

Формат : А5; 21 cm

Корица : тврда

Јазик :

Едиција :

650,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

650,00 ден

Аџилак Аџилак Во кошничка
Акција
6% off
Ново

Аџилак

Original price was: 350,00 ден.330,00 денCurrent price is: 330,00 ден.
Европа и други песни Европа и други песни Во кошничка
Акција
6% off
Ново

Европа и други песни

Original price was: 350,00 ден.330,00 денCurrent price is: 330,00 ден.
Бог на ба(к)терии Бог на ба(к)терии Во кошничка
Акција
6% off
Ново

Бог на ба(к)терии

Original price was: 350,00 ден.330,00 денCurrent price is: 330,00 ден.
Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка