Раскази: (избор)

Сподели :

… Секој што прочитал макар и десетина прози на Борхес, сеедно дали раскази или есеи, неизбежно се соочил со чувството дека никогаш порано не читал нешто слично, дека за првпат се среќава со таквиот загадочен дискурс, со текстура од таков очуден, неконвенционален, дури и збунувачки вид. Секој читател на Борхес – дури и оној што не завршил студии по литература – непогрешливо почувствувал дека четиво од тој вид не се вклопува во стандардните и општопознатите книжевни канони. Борхесовите раскази се вонвременски и вонпросторни, а нивните ликови/протагонисти речиси се бестелесни: тие го живеат само духовното и претставуваат симболи/метафори преку кои се истражуваат одделни метафизички прашања. Како и во неговата поезија, и во прозата на Борхес нема ништо „вистинито“, ништо „реалистично“, ништо преземено од „вистинскиот“ живот. Напишаното е секогаш метафора, ингениозен конструкт, теорема, формула искажана со колку што е можно помал број зборови.

Издавач :

Оригинален Наслов : Cuentos / Jorge Luis Borges

ISBN : 9786082052403

Година :

Страници : 318

Формат : А5; 21cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

500,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

500,00 ден

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!