Книжевно Житие бр. 52-53

Сподели :

Нов двоброј на „Книжевно житие“ „ПАНОРАМА НА СОВРЕМЕНИ СРПСКИ ПОЕТЕСИ“ Македонското книжевно списание „Книжевно житие“ на Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, по мошне успешните преведувачки проекти посветени на панорамите на современата бугарска и современата хрватска женска поезија, кои предизвикаа голем интерес кај литературните сладокусци и публиката, новиот мартовски двоброј (52-53/ 2023), го посветува на современите српски поетеси. Во обемниот двоброј насловен „Панорама на современите српски поетеси“ се застапени 33 активни современи српски поетеси со по 6-7 песни и со богати био-библиографски белешки. Панорамата ја приредија македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и српската поетеса Жељка Авриќ. Целиот двоброј е преведувачко дело на Бранко Цветкоски. Претставени се поетесите Жељка Авриќ, Jaна Алексиќ, Милица Бакрач, Маја Белегишанин Ивановиќ, Љиљана Браловиќ, Мирјана Булатовиќ, Душка Врховац, Јелена Глишиќ, Стана Диниќ Скочајиќ, Нина Живанчевиќ, Гордана Јеж, Милица Јефтимијевиќ Лилиќ, Виолета В. Јовиќ, Јулиа Капорњаи, Марија Кнежевиќ, Јелена Ковачевиќ, Злата Коциќ, Тања Крагујевиќ, Милица Краљ, Радмила Лазиќ, Јелена Ленголд, Јасна Миленовиќ, Ана Никвул, Каја Панчиќ Миленковиќ, Радмила Петровиќ, Љубица Рајкиќ, Ана Ристовиќ, Гордана Симеуновиќ, Бојана Стојановиќ Пантовиќ, Јованка Стојчиновиќ Николиќ, Тања Ступар Трифуновиќ, Драгица Ужарева и Гордана Јовиќ Стојковска. Во воведниот текст кон Панорамата, меѓу другото се нагласува дека се претставени „српски поетеси, од различни возрасти, од различни средини, различни книжевни правци, тематски преокупации и поетски изрази. Она што е заедничко за сите нив е љубовта и безрезервната припадност кон поезијата. Некои имаат богат поетски опус, но има и такви кои се на почетокот на своето поетско патување. Некои од нив се непознати за македонската литературна јавност, а се веќе познати со нивни преведуваа песни, со поетски циклуси но и со поетски избори и цели книги во странство. Изборот географски покрива различни територии и држави каде што се зборува српскиот јазик (Србија, Република Српска, Црна Гора, Романија, Македонија). Ќе читате песни од поетеси од т.н. урбаните средини, но и поезија на поетесите кои ја негуваат традицијата, историското и културното наследство, кои се борат за зачувување на српското село. Ќе ја почувствувате моќта на нивните зборови, ќе бидете зачудени од нивната убавина, ќе ги разберете сите состојби на нивните битија: болката, осаменоста, возбудата, смиреноста, очајот, повреденоста, нежноста, помирувањето, трагичноста, возвишеноста“.

Автор : ,

Издавач :

Оригинален Наслов : Книжевно Житие бр. 52-53

Година :

Страници : 256

Формат : Б5; 23 cm

Корица : мека

Јазик :

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

Аџилак Аџилак Во кошничка
Акција
6% off
Ново

Аџилак

Original price was: 350,00 ден.330,00 денCurrent price is: 330,00 ден.
Европа и други песни Европа и други песни Во кошничка
Акција
6% off
Ново

Европа и други песни

Original price was: 350,00 ден.330,00 денCurrent price is: 330,00 ден.
Бог на ба(к)терии Бог на ба(к)терии Во кошничка
Акција
6% off
Ново

Бог на ба(к)терии

Original price was: 350,00 ден.330,00 денCurrent price is: 330,00 ден.
Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка