Јас, Врховниот

Сподели :

Романот Јас, Врховниот претставува уметнички приказ на размислувањата, ставовите и постапките на врховниот и доживотен диктатор, на неговите сфаќања и восприемањето на луѓето, собитијата и релациите меѓу актуелната стварност и вечните категории. Идеите за интервенирање во историскиот след и реализација на сопствените принципи во пошироки општествени рамки, се основните двигатели за главниот лик. Во еден од своите бележници тој се определува себеси како креатор на историјата што има моќ да ја менува според своите замисли: „Јас не ја пишувам историјата. Јас ја создавам. Можам да ја преправам по сопствена волја, приспособувајќи ја, зајакнувајќи ја и збогатувајќи ја нејзината смисла и вистина“. Ваквата мотивација неизбежно доведува до репресии, насилство и тоталитаризам, со оглед на тоа што меѓу идеалите кои протагонистот тежнее да ги оствари и состојбите и констелациите со кои се соочува има огромна дискрепанца. Тој има исклучително негативен став кон затекнатите односи и околностите, а неговата врвна цел е: „Темелно менување на целото општество. Не само обично премачкување со вар врз трошната гробница“. Дејствувајќи во оваа насока, главниот лик предизвикал конфликти со олигархијата и елитата („газдите, трговците, неранимајковците полни со злато“), при што противниците се сурово казнувани.

Јас, Врховниот / Аугусто Роа Бастос ; [превод од шпански јазик Огнена Никуљски ; поговор Јовица Тасевски-Етернијан]

Издавач :

Оригинален Наслов : Yo, el Supremo / Augusto Roa Bastos

ISBN : 978-608-205-269-4

Година :

Страници : 443

Формат : А5, 21cm

Корица : тврда

Јазик :

518,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

518,00 ден

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!