Европа и други песни

Купи!

Сподели :

Европа и други песни / Руи Коиас ; превод од португалски Весела Моловска

„Овде (во поезијата на Руи Коиас) разликите меѓу времето и просторот и меѓу личното и безличното се нејасни. Сето тоа е една огромна територија низ која патува поетот, создавајќи корисни или потресни врски, но без некаква претпоставка дека тој може да го направи светскиот поредок разбирлив. Ваквиот и други слични херојски потфати се невозможни, што сепак не е причина за очај. Малата и скромна среќа ни е секогаш на дофат, во нас, а ние, исто така, поретко се среќаваме со убавината. Убавината е она што овој модерен стил на класична поезија постојано го следи“.

             – Ричард Зенит, преведувач и писател

 

„Како подеднаква љубителка на поетиката со траги на свеченост и древност, поезијата на Руи Коиас укажува на филозофска склоност што опфаќа прифаќање на сè што ни се случува и на идејата дека под сонцето нема ништо ново.

Песните на Коиас го негираат графикот кој ги организира новите поети во шематски тенденции. Коиас не наликува на ниту еден од новите: неговата поезија ја цени реториката, но не ја интересира висцералноста, таа е пасторална, но никогаш провинцијална, чудна е, но не и херметичка, референтна е, но не е залепена за секојдневниот живот.

За своја позадина, некои песни имаат патеки, езера, степи, патувања, во тон на студена, речиси римска софистицираност што потсетува на англискиот поет Џефри Хил. Минатото, сегашноста и иднината овде се иста димензија, сложена, густа, елиптична (…)“

– Педро Мексија (Pedro Mexia), поет и есеист –

Автор :

Издавач :

Оригинален Наслов : Europa e outros poemas / Rui Cóias

ISBN : 978-608-205-543-5

Година :

Страници : 76

Формат : A5; 21 cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 330,00 ден.

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 330,00 ден.

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!