Поетскиот ракопис „Сивка. Геометрија на болката“ од младата македонска поетеса Ирена Бабамова Стојчева, кој минатата година ја освои наградата „Антев златник“ се појави во печатено издание во рамките на поетската едиција на скопски „Макавеј“.
Збирката предочува шеесетина песни подредени во циклусите „Партитура за четири крила“, „Ишарет“, „Бајки од третиот свет“ и „Единаесеттиот час“. Во поговорот кон книгата д-р Анита Цветаноска на аналитичен начин ги елабориреа тематскиоте и поетичките карактеристики на раскосписот на младата
поетеса и констатира:
– Во „Сивка. Геометрија на болката“ Бабамова Стојчева ја истражува тагата како одговор на неотповикливата промена на околностите, на она што сме го замислувале како деца со сета детска невиност во размислата. Болката од изневерата во сите нејзини форми, значења и димензии создава ехо кое се шири низ геометријата на битието, низ сите негови точки и прави пукнатини кои, дури и да зараснат, остануваат со траги кои потсетуваат на нив. Во позадината на таа болка како да се слуша, далечен оперски тон како судбинско ехо на една друга димензија на постоењето.
350,00 ден
350,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции