Светот, историјата, сегашноста и нејзините противречности, животот на обичните луѓе и сиромаштијата се јадрото околу кое циркулира поетскиот дискурс на Хорхе Палма. Поезија под будно око, со јасна хуманистичка вокација што совесно го набљудува светот, но не се задржува само во еден скептичен регистар на лошото. Поезија на отпорот што преку ужасот и насилството на нашето време знае да го открие она што му ја дава смислата на животот во секојдневниот опит и во кршливоста на љубовта. Утопијата, тоа непостоечко место што нè влече кон најдоброто од нас самите, е светото место што поезијата го чува, она „што осветлува, како оганче, нешто што во тишината постојано гори, во недопрените гради на луѓето“. Во полна зрелост на својата книжевна траекторија, Хорхе Палма е верен на повикот што уште од првата книга подвлекува еден беспрекорен профил во современата уругвајска поезија.
400,00 ден
400,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции