… Филип Рот (Њуарк, 1933) е еден од најистакнатите и најнаградуваните американски автори од втората половина на XX век, чија забележителна книжевна кариера започнува во 1959 година
со објавувањето на романот „Збогум, Колумбо“ и која, според неговите изјави за еден француски весник во 2012 година, завршува со неговиот последен роман „Немесис“ (2010).
„Американска пасторала“ условно може да се дефинира како семеен роман. Главниот јунак Симор Левов е речиси совршен лик, компатибилен со американските и еврејските стандарди, покорен
на волјата на доминантниот татко, демократски воспитувач на својата ќерка и одговорен сопруг на својата жена. Имајќи понуда за успешна спортска кариера, тој сепак одлучува да го продолжи
семејниот бизнис, проголтувајќи ги сопствените желби за сметка на општествените и семејните одговорности. Тоа всушност и претставува неговата стапица. Делото ни нуди исклучително
интересна и драматична приказна, која има намера да биде сложена, неправолиниска и бескомпромисна. Оттука станува јасно дека насловот на романот „Американска пасторала“ многу повеќе е иронична референца, отколку интертекстуално подражавање на книжевната пасторала.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции