Ако класиците „никогаш не престануваат да го кажуваат она што имаат да го кажат“, тогаш романот на Коуперус е одличен пример за тоа. Тивка сила од 1900 година не само што прецизно го отсликува портретот на колонијалниот живот во мал провинциски град, туку додава и голема доза на „тивка сила“ како елемент што обврзува.
Во Тивка сила, Луис Коуперус ги скицира холандските колонии педесет години пред крвавото повлекување од Индонезија. Маестрално покажува како Холандија била принудена ментално да се одрече од својата позиција на моќ многу порано од предавањето на суверенитетот во 1949 година. Читателот постепено ќе дојде до сознание дека Холандија никогаш не можела ниту да победи во холандска Источна Индија, ниту да изгуби, бидејќи колонијалната моќ во Азија била концентрирана вон локалниот поредок и се толерирала како таква сè до еден одреден временски период.
Можеби ако главниот лик беше попопустлив, неговиот живот ќе беше поинаков. Зашто тој, непопустлив, не ги сфати светите моменти, дека човекот не треба да биде тврдокорен со својата волја, туку речиси побожно да ѝ се препушти на тивката сила. Но со своето негирање и непочитување, тој никогаш не успеа да ги осознае тие моменти.
Ја чувствуваш опасноста како се приближува, суптилно, како облак на небото, во индиска ноќ; сега веќе ја гледаш опасноста како реално се зголемува – за Холандија – ако не од Америка и Јапонија, тогаш од самата почва на Индија.
Коуперус никогаш не престанува да го говори она што има да го каже. Затоа Тивка сила е класика во вистинска смисла на зборот.
400,00 ден
400,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции