Услови и правила за користење

Термини и услови
Оваа интернет-страница, со домен www.makavej.com.mk, во сопственост на „Макавеј ДООЕЛ Скопје“, со седиште во Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување производи.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страницата, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, поради што Ве молиме, пред користење на страницата www.makavej.com.mk, внимателно да ги прочитате.

МАКАВЕЈ ДООЕЛ не презема никаква одговорност ако корисникот не ги прочитал условите и правилата за користење и за купување.

Општи услови
Со самата посета или купување преку нашата интернет-страница, се согласувате со условите наведени подолу, чие право на промена, во зависност од условите и од потребите, е задржано без претходно известување на корисниците на страницата. МАКАВЕЈ ДООЕЛ не презема одговорност ако корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од оваа страница.

Називот МАКАВЕЈ ДООЕЛ е заштитен трговски знак на МАКАВЕЈ ДООЕЛ – Скопје и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот.

МАКАВЕЈ ДООЕЛ – Скопје ги задржува сите права што произлегуваат од трговскиот знак МАКАВЕЈ ДООЕЛ.

Целата содржина на оваа страница, вклучително и формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, е интелектуална сопственост на МАКАВЕЈ ДООЕЛ Скопје и е заштитена со авторско право и со сродните права.

Преземањето информации, податоци и слики, нивната дистрибуција, пренос или користење на линкот од оваа страница е забрането. Нивната употреба е можна само за некомерцијални цели и за лична употреба и каква било злоупотреба на податоците и на опциите што ги нуди оваа страница е недозволена.

Споделените информации на оваа страница имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, или илустративен приказ на изгледот и на формата на производот.
МАКАВЕЈ ДООЕЛ го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик кога:
– постои ризик од губење на битни информации при преводот;
– нема иста или слична терминологија на македонски јазик.

За да ги задоволи Вашите потреби и барања, МАКАВЕЈ ДООЕЛ ќе се залага за достапност на својата интернет-страница 24 часа во денот.
Во случај на привремена недостапност, односно прекин на пристапот до интернет-страницата, поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на МАКАВЕЈ ДООЕЛ, не можеме да преземеме никаква одговорност и да ви гарантираме постојан пристап.

Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.makavej.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Макавеј ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените во согласност со политиката на компанијата, без известување до корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената што е понудена во моментот на извршување на нарачката, без оглед на фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување производи преку www.makavej.com.mk важат цените наведени на страницата.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Макавеј ДООЕЛ.
Купувачот може да ја откаже, да ја дополни или да ја коригира нарачката во кое било време пред да го реализира плаќањето.
Регистрирањето Мој профил не е задолжително за да се реализира нарачката, но при нарачката задолжителни се податоците за контакт (име и презиме, адреса, држава, поштенски код, телефонски број и имејл), како и адресата за испорака. Висината на поштарината зависи од државата на адресата за испорака.
По завршувањето на нарачката, ќе ви биде испратена електронска порака на имејлот што го имате наведено. При евентуални технички проблеми со интернет-страницата, МАКАВЕЈ ДООЕЛ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од која било банка: Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на задната страна на картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер Комерцијална банка а.д. Скопје.

Поддршка на корисници
За какви било информации и прашања во врска со реализацијата на интернет-продажбата, може да се јавите на телефонот 075 305 735, кој е достапен во периодот од 9 до 17 часот (од понеделник-петок), или да исконтактирате со нас преку нашата електронска адреса makavej@gmail.com.

Политика на испорака на производите
Купувањето преку нашата интернет-страница може да го реализирате од кој било дел на светот.
Сите производи ќе ви бидат доставени на адресата за испорака, која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Може да ги изненадите и своите блиски и да побарате достава на нивната адреса, притоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Испораката ја врши надворешна фирма, затоа предвидено време за испорака не можеме директно да го одредиме. За пратки во Република Македонија испораката е од 48 до 72 часа од моментот на потврдената нарачка. Во согласност со нашите можности, производот ќе ви биде доставен во најкус можен рок. МАКАВЕЈ ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран на телефонскиот број оставен за контакт, заради потврдување на датумот и времето на испораката.

Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.

Ако нарачката е направена по 17 часот, од наша страна ќе биде проверена наредниот работен ден и, откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.

Ако нарачката е направена во петок по 16 часот, во сабота, во недела или на неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при преземање на производот да го провери од евентуални оштетувања, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостига.
Доколку производот е испорачан оштетен или доколку недостига одреден производ од нарачката, купувачот треба да нè информира веднаш за да преземеме мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или по вина на доставувачот, и да сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.

Ако купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата што е ангажирана за извршување на испораката, МАКАВЕЈ ДООЕЛ не може да преземе никаква одговорност.

Прием на производите
Производите се доставуваат лично до адресата или до поштенското сандаче на адресата оставена за испорака.
Производите се спакувани во соодветна форма, како заштита од евентуални оштетувања, и се осигурени од губење или од оштетување за време на транспортот.
Во моментот на прием на производите, должни сте да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентуалните надворешни оштетувања.
Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за поддршка на корисници и кај лицето што ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производите нема да бидат прифатени.

Враќање и замена на производите
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испорака, под услов производот што се враќа да е во истата физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки што ги имал при приемот.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка што сте ја користеле при плаќање на производот.
Замена на производот се врши ако се сочувани изгледот на производот, како и фискалната сметка или фактурата-испратница што му биле издадени на потрошувачот заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот го нема соодветниот производ, потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И СО ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА НА МАКАВЕЈ ДООЕЛ И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!