Вљубениот Орландо: (избор)

Сподели :

… За најголемо дело на Бојардо се смета „Вљубениот Орландо“, кое за првпат целосно е издадено во 1506 година. Според првичната замисла, делото требало да има сто пеења, но е прекинато во деветтото пеење од третиот дел поради навлегувањето на војската на Карло Осми во Италија. Иако во делото се пее за витешките љубови и борби, тие честопати се прикажани низ една иронична призма, бидејќи неговото време носело нови творечки предизвици. Соочен токму со таквите предизвици, Бојардо прави своевидно отстапување од старата конвенционална витешко- љубовна тема, вметнувајќи елементи на сказни и легенди во дејството. Повремената бајковитост и` дава на поемата посебна лирско-поетска димензија и привлечност. Отстапувањето што го прави Бојардо во однос на старите конвенции не е екстремно и пресвртно, не е радикален рез, но е значаен придонес во трагањето по нови можности на поетското пеење што ги барало новото време, а на своевиден начин се реализирани и во епот „Вљубениот Орландо“.

Издавач :

Оригинален Наслов : Orlando innamorato / Matteo Maria Boiardo

ISBN : 9786082052526

Година :

Страници : 126

Формат : А5; 21cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

400,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

400,00 ден

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!