Вчерашниот свет: сеќавања на еден Европеец

Сподели :

… Штефан Цвајг спаѓа во редот на мошне сложени, богати и разновидни творечки личности; познат е како поет, раскажувач, драмски писател, романсиер, биограф, патописец… За разлика од другите книги на Штефан Цвајг, кои се пишувани со голема, речиси опсесивна посветеност на формата, изразот и стилот, „Вчерашниот свет“ е дело кое во тој поглед не е на тоа рамниште, се разбира, поради објективната околност што авторот не бил во состојба да го доработи и на свој, единствен начин на посветеник и вљубеник во формата и естетиката, да го заокружи и самиот да го подготви за печат. Во оваа книга на Цвајг, на еден возбуден, возбудлив, повишен и возвишен начин речиси се опеани младоста, пријателството, уметноста и, над сè, слободата, мирот, заедништвото, толеранцијата, разбирањето меѓу луѓето и народите. Овие опсесивни пораки во целост го армираат ова блескаво дело на Цвајг, тие се светилки чиј сјај има непотрошлива енергија што осветлува и стоплува сè до денес, поттикнувајќи и охрабрувајќи многу генерации читатели.

Издавач :

Оригинален Наслов : Die welt von gestern / Stefan Zweig

ISBN : 9786082052632

Година :

Страници : 371

Формат : А5, 21cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

500,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

500,00 ден

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!