Патувањата со Чарли: во потрага по Америка

Сподели :

… Бидејќи севкупното книжевно дело на Џон Штајнбек е закотвено во длабочините на човечките судбини фрлени на распаќата на историја и на секојдневното живеење во најмоќната и најбогатата држава на ХХ век (Америка), оттаму делото на Штајнбек и денес продолжува да се вреднува, не само поради Нобеловата награда што тој ја добива во 1962 година, како едно од најзначајните книжевни остварувања на американската а оттаму и на светската книжевност на ХХ век.
„Патувањата со Чарли: во потрага по Америка“, се објавува во 1962 година, истата година кога Штајнбек ја добива Нобеловата награда за книжевност. Оваа книга-патопис и денес останува едно од најпопуларните дела на Штајнбек, а првичната продажба од над двесте и педесет илјади примероци е далеку поголема од клучното прозно остварување на Штајнбек „Плодови на гневот“. Книгата „Патувањата со Чарли“ е постојано меѓу десетте најпродавани книги во Америка, останувајќи на списокот на десет бестселери на „Њујорк тајмс“ цели педесет и седум седмици. Кога денес ги препрочитуваме страниците од оваа книга, повеќе од половина век по нивното објавување, уште повеќе ја чувствуваме силината на зборовите на Штајнбек, но и пророчката светлина што тој ни ја нуди!

Издавач :

Оригинален Наслов : Travels with Charley / John Steinbeck

ISBN : 9786082052427

Година :

Страници : 210

Формат : А5, 21cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

450,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

450,00 ден

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка