Издавачкото друштво Макавеј во македонското издаваштво уверливо ги афирмира најистакнатите авторски појави во македонскиот книжевен и културен простор и во доменот на преводната литература на македонски јазик и на дела од македонската литература на други јазици.
Макавеј од своите почетоци покажува посебна грижа за македонските млади автори а со афирмираните творци (поети, прозаисти, научници и преведувачи) постигнува високи дострели во одделни области.
ИД Макавеј секоја издавачка сезона води грижа и застапува во својата едиција за преводи видни светски, балкански и домашни автори од немакедонска националност. Во изминатите сезони се објавија преводи на стотици врвни дела светската и балканските литератури.
Макавеј ги доближува своите изданија до читателите преку бројните промотивни активности, преку својата електронска страница (www.makavej.com.mk), преку живите презентации во училиштата и библиотеките и преку средствата за јавно информирање.
-
Во изминатите 17 години Макавеј особено ја развива копродукциската соработка со неколку бугарски издавачи и на тој начин врши афирмација на македонската литература во Бугарија. Објавени се на бугарски јазик дела од Рацин, Т. Георгиевски, Радован Павловски, Михаил Ренџов, Митко Маџунков, Али Алиу, К. Ќулавкова, М. Јовановски, Ким Мехмети, Р. Лазаров, Б. Цветкоски, Т. Петровски, Блаже Минески, М. Стефановски, Ивана Џепароски, и на уште 30-тина други македонски писатели.
-
Од 2007 година, Макавеј ја организира меѓународната манифестација „Македонска книжевна визита во Софија“ и со голем успех секоја година ја надградува со нови содржини и облици на соработка меѓу македонските и бугарските писатели. Во тие рамки Макавеј при одржувањето на секоја манифестација во Софија на МКИЦ во Софија му подарува контингент нови книги од спопствената продукција и од други македонски издавачи.
-
Во рамките на манифестацијата Макавеј ја доделува и Наградата „Македонски книжевен Дедал“ која му се доделува на заслужен бугарски автор за афирмацијата на македонската литература во Република Бугарија.
-
Во рамките на проектот „100 словенски романи“ ИД Макевеј го реализира романот „Донесена од маглата“ од словенсчкиот писател Фери Лаиншчек и романот „Турски гамбит“ од рускиот писател Борис Акунин и од Дирекцијата на Форумот на словенските култури доби посебни писмени благодарности и пофалби за високата преофесионалност во реализацијата на доверената задача.
-
ИД „Макавеј“ заедно со „Македонска реч“ во 2010 година го организираа и реализираа македонското државно претставување на Меѓународниот саем на книгата во Москва.
-
ИД Макавеј активно учествува на меѓународни конкурси за финансирање преводна литература на македонски јазик.