… Романот „Жерминал“ спаѓа во оној комплекс романи од Зола кои предизвикувале недоразбирања и скандали според своите теми и обработката. Имено, критичарите сметаат дека токму со овој роман Зола требало да покаже каков однос имал и како го сфаќал новото „социјалистичко евангелие“. За да го подготви овој роман, Зола презел специјална постапка и начин на подготвување на „стварносната“ граѓа. Потребна му била длабочина, не површна документација. Истражувачите велат дека неколку месеци заминал во некој рударски крај. Ги посетувал меаните, пиел пиво и ракија со работниците, живеел во барака. Слегувал дури и во рударските окна, ги набљудувал прототипите за своите ликови. „Жерминал“ имал огромен одѕив. Светот кој Зола го насликал во тој роман многумина „не сакале да го видат“. Во тоа бил главниот проблем. Повеќето од современиците, сепак, сметале дека „делото е толку силно и впечатливо“, што Зола го вбројувале меѓу најголемите писатели на сите времиња.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции