Доволно е, за да се каже: „Записи на идниот старец“ е дијамант на современата македонска поезија. Тоа е книга-канон за македонската поезија. Во неа, младиот елен ја сонува својата старост. Младите елени не стареат, тие се претвораат во зборови, а зборовите се надвор од времето. Затоа што зборовите научиле да бидат бесмртни, преку од Бога дарените поети (млади елени): научиле како, низ мембраната на душата да скокнат од Речникот, во магмата на јазикот и душата, песната. Затоа е Братислав Ташковски денес канон и норма во македонската поезија.
Венко Андоновски
350,00 ден
350,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции