Својот богат и високо вреднуван поетски влог во современата македонска литература поетот Бранко Цветкоски го дополнува со новата стихозбирка ВООБРАЗБИ /лирски етиди за некој друг свет/, која се појави во поетската едиција на Книгоиздателството Макавеј кое оваа година одбележува 25 години од своето основање.
Новото поетско дело донесува седумдесетина песни, подредени во четири тематски раздели „Наслов за залезот“, „Седенка во иднината“, „Неизустените зборови“ и „Привиди. Ронки. Роморења“, а е придружено и со обенем и есеистички осврт на проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска. Препознавајќи го остварениот идеал на поетот во создавањето на врвна поезија, препознатлива, преведувана и ценета и вреднувата во земјата и надвор од неа, Капушевска Дракулевска, меѓу другото, категорично истакнува:
„Префинетиот, кондензиран исказ на песната, нејзината музичка целост и естетска интегралност и склад – се темелните одлики од почетоците сè до најновата поетска објава на Бранко Цветкоски – Вообразби /лирски етиди за некој друг свет.“
Во препораката кон изданието, македонскиот духовник, епископот Давид (Нинов), пак нагласува:
„Бранко Цветкоски е еден од најпрочуените и најплодотворни македонски поети, уметник од светски глас во упатените поетски кругови, мислител без којшто не е возможно да се состави мапата на современото македонско јазично творештво. Неговиот богат животен опит, самобитниот поетски призив и длабоката наобразба ни се откриваат одново, овојпат во еден исцело нов сјај во неговото најново поетско остварување „Вообразби“(лирски етиди за некој друг свет). Речено со густ, збиен, јадровит израз, „Вообразби“ на поетот Бранко Цветкоски претставува поезија-противотров за празнината на постоењето.
400,00 ден
400,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции