Романот „Шагринска кожа“ е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Самиот негов прозен дискурс е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното кои се испреплетуваат на специфичен начин. … Романот „Шагринска кожа“ денес изгледа особено актуелно, читливо и провокативно. За тоа придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични збора посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да се сака“, „да се може“ и „да се знае“.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции