… Најголемиот дел од расказите на Вашингтон Ирвинг, објавени во овој избор, се од „Нотесот со скици на Џофри Крејон“. Тоа се вистински бисери во кои живописниот реализам и историјата се здружуваат со извонредната фантазија и со восхитувачката дескриптивна поезија во сонливата атмосфера на чудесните и натприродни случувања. Свежината на природата што ја опишува Ирвинг и онаа хумористична наивност, впрочем, повеќе уметничка отколку реална, се вонвременски и никогаш нема да застарат. Ирвинг нè восхитува со својот нов и автентичен стил.
* * * Две карактеристики се заштитни знаци на раскажувачката поетика на О’Хенри: неочекуваните пресврти на ситуацијата во завршницата и неочекуваните пресврти во природата на главните ликови. Приказната почнува и се одвива во една насока и, токму кога читателот мисли дека може да го предвиди крајот, тој ја свртува во сосема спротивна насока. Таквиот развој на настаните го имаме и во двата негови можеби најпознати раскази, што се означени како антологиски, „Подарокот на светите кралеви“ и „Откупувањето на Црвениот главатар“…
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции