Проникнување

Сподели :

Епистоларната проза „Проникнување“ на Епископот Давид (Нинов) и проф. Синоличка Трпкова нема датуми, што бездруго упатува на фактот дека дијалогот е сместен во едно, да се изразам – безвремено време. Очигледно е дека авторите на книгата не само што ги проникнуваат уметноста и теологијата, туку генерално водат една философско-уметничко-теолошка расправа, која исцрпно обработува одредени теми поврзани со човековото животно искуство, со филмот, со поезијата. Наместа, авторите испишуваат и лични случки, средби и патувања, одредени анегдоти од животот, кои на книгата ѝ даваат посебен шарм и како една целина ја прават особено интересна за читање, и битна за збогатување на сопствениот емпириски опит. Книгата „Проникнување“ е вистинско освежување на македонската проза и упатува на фактот дека насекаде во уметноста на живеењето треба да ја бараме и да ја наоѓаме убавината, бидејќи според зборовите на Достоевски: „Убавината ќе го спаси светот“!

Јанинка Невчева

Издавач :

Оригинален Наслов : Проникнување / Епископ Давид (Нинов), Синоличка Трпкова

ISBN : 978-608-205-566-4

Година :

Страници : 150

Формат : А5; 21 cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

500,00 ден

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

500,00 ден

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!