Малубројни се авторите кои истовремено се и критичари и писатели, а таквите имаат божествен дар, оти пишуваат свои книги и темелно читаат туѓи. Давор Шалат веќе со децении е незаобиколно име во поетската критика, бидејќи и самиот е почитуван поет, па длабоко ја чувствува и прецизно ја секцира поезијата на своите колеги, и според светогледот и според стилот, создавајќи вистински поетски гоблени во критиката. Давор Шалат, автор на седум книги со есеи и критики, овенчан со многу признанија, е првиот добитник на новооснованата награда „Бранко Миљковиќ“ за збирката „Ѕвезди, дамнешни лица на спасените“. Оваа одлична стихозбирка не е книга со нечитливи вмрежени симболи и значења, како што пишуваат оние автори кои се најдобри читатели на самите себе. Оваа книга е напишана и за други, бидејќи поетот успеал преку алхемија на зборовите да ги поврзе поетската мистерија и читливоста. Пијалакот е пријатен, сладок кога се пишува за светлината, а горчлив кога се пишува за мракот. Но и таквиот коктел е сварлив – малку светлина, малку темнина… сето тоа повторно е разновиден спектар на нашиот достоен свет. Поезијата на Шалат има речиси библиска структура – започнува со творечката светлина на светот, а завршува со апокалиптичка визија, како во откровението на Јован. Но, дури и кога ја толкуваме светлината библиски, онтолошки или секојдневно, таа сепак се покажува како неуништлива сила на опстанокот, дури и кога ќе доживее затемнување – темните облаци поминуваат и на хоризонтот повторно го гледаме денот. Дали апокалипсата е минлива? Според песните на Шалат, се чини дека е така, и дека светлинската ренесанса сепак ќе го победи овој мрачен век!
Лада Жиго
превод од хрватски: Весна Ацевска
350,00 ден Original price was: 350,00 ден.200,00 денCurrent price is: 200,00 ден.
350,00 ден Original price was: 350,00 ден.200,00 денCurrent price is: 200,00 ден.
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции