… Постои една земја што се наоѓа од два до шест степени јужна географска ширина и од педесет и четири до педесет и осум степени западна географска должина помеѓу синилото на Атлантскиот океан и непристапните планини Тумук – Хумак, кои ја формираат вододелницата на амазонскиот речен слив приклештен меѓу широките пространства на реките Курантин и Марони, кои нè одделуваат од Британска и Француска Гвајана богата со импресивно широки шуми во кои растат големи бразилски ореви, капок, бромелии, хеликони и пеперугоцветни глушини распространети од обете страни на широките реки каде што чапјите, клиноопашестите стрнарки, ибисите и фламингата ги наоѓаат своите места за гнездење, богати со природни богатства од злато, боксит, гума, шеќер, банана и кафе … со сиромашна човечка популација и уште посиромашна човечност.
Срананг – нашата татковина.
400,00 ден
400,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции