„Макбет“ е најкусата од четирите големи трагедии напишани во најзрелиот период од творештвото на неповторливиот бард на светската книжевност. Тоа е драма за трагичноста на нереалните лични амбиции кои остварени по злосторнички пат, ги уништуваат не само носителите на истите туку разоруваат цело едно општество претворајќи го во поле по кое „неоседлани танцуваат“ ужасните последици. Трагедијата „Отело“ е величествена химна на човечката несреќа предизвикана од незауздените, алчни пориви на злонаклонетото сплеткарство отелотворено во, веројатно, најголемиот и најбистар подлец во светската книжевност, Јаго. „Кралот Лир“, ако не е најдобрата трагедија на Шекспир, тогаш сигурно е занаетски „најстегнатата“ а лирски „најнагнетената“ со поделени чувства на љубов и омраза, на малку радост и многу тага, на тучен неспокој и тешка разочараност, на дива нескротеност и неповторливо лудило. Целта на преведувачот, покрај огромната желба „да се обиде“ во најдоброто напишано од Шекспир, беше да се види низ преводот колку, во меѓувреме, се развил и „пораснал“ современиот македонски јазик, а со тоа и неговите можности за примање на врвни дела од светската книжевност како и да се видат „во пракса“ дострелите на младата наука за преведувањето во Македонија.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции