Пиесата „Кралот Иби“ на Алфред Жари може да се смета за зачеток на драмата на апсурдот.
„Кралот Иби“ во основата ја има темата на борбата за освојување на власта во кралството Полска во која владеат кралот Венцеслав и кралицата Розомунда. Таа борба за власт која во комедијата на Жари е комично-гротескна, во основата е и трагикомична бидејќи не може да се одбегне трагедијата до која неминовно доведува човековата страст за пари и богатење, а згора на тоа, во една средина каде што владее глупоста и простотилакот, кои се затскриваат зад маската на умноста и добрите намери. Во оваа
комедија смеата е горчлива, а црниот хумор кој произлегува од апсурдните ситуации е острица која постојано треба да нè потсетува на светот во кој живееме.
Ова драмско дело постојано е играно во целиот свет, сè до денес, а неговата критичка острица не изгубила ништо од својата бескомпромисност и актуелност.
400,00 ден
400,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции