… Ежен Јонеско (1912–1994), главно, го перципираме како респективен и планетарно славен драмски писател, еден од корифеите на таканаречениот театар на апсурдот што некогаш се атрибуира и
како антитеатар. За „Ќелавата пејачка“, за „Столовите“ или за „Носорогот“ денес знаат и оние што никогаш не ги читале или не ги виделе нивните сценски постановки. Во оваа книга го читаме есеистичкиот и интелектуално аналитичен ракопис на Јонеско преку книгите „Испрекината потрага“ и „Противотрови“.
Есеите на Јонеско зборуваат директно и бескомпромисно. Утопија, иронија, цинизам, потсмев… Вака, чинам, Јонеско и неговиот носорогизам би го квалификувале сите зихераши на овој свет. Кој денес, во овие несигурни глобализациски времиња, остава впечаток дека е пренаселен со зихераши, конформисти од сите бои и големини. Ама Јонеско – сепак – на сите ни импонира. Сè уште. Макар и во мали противотровни количества!
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции