„Фенерите на светулките“ е роман за тенката линија помеѓу светлината и темнината во човечката душа, приказна во чија срж се преплетуваат различни судбини со свои тајни, болки и надежи. Дораковски пишува приказна за надежта, за љубовта и за борбата за опстанок во свет исполнет со неизвесности, не само на ниво на лични дилеми, но и на колективни доживувања што го обликуваат животот на заедницата. „Фенерите на светулките“ ја симболизираат надежта што главниот лик, Андре, неуморно ја бара додека се соочува со тешкотии и со суровата реалност околу себе, движејќи се меѓу светлината и темнината, љубовта и омразата, верноста и предавството, и со секој настан си ја ткае животната приказна.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции