… Ако во американското драмско творештво по Втората светска војна постои автор кој е целосно посветен на критичко обмислување и анализирање на потрагата по т.н. „американски сон“, длабоко вкоренет во американскиот материјализам, тоа е секако драмскиот писател Артур Милер.
Неговата долгогодишна кариера како драмски автор и сценарист, неговиот бурен живот (меѓу другото, и бракот со познатата и контроверзна холивудска дива Мерлин Монро во 1956 година), неговите политички и идеолошки ставови, прават од него еден од најистакнатите американски автори на дваесеттиот век, заедно со Јуџин О’Нил и Тенеси Вилијамс.
Иако за некои критичари квалитетот на неговото дело често знае да флуктуира од брилијантно до здодевно, голем број негови драми се играат и денес, а според сценаријата што ги има напишано се режирани извонредни филмски хитови што ја испишаа историјата на Холивуд и во кои играа цела плејада холивудски филмски легенди.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции