Уметничката проза на Куци се одликува со редица особености што ја прават предизвиклива и возбудлива, препознатлива како дел од највисоките книжевни појави во светот денес. Неговата проза е
нагласено интелектуална, алузивна, постмодернистички ориентирана, со многубројни и суптилни рефлексии од книжевно, филозофско, историско и општествено потекло. Овие одлики се најуспешно
применети во најзначајниот роман на Куци, „Чекајќи ги варварите“. Уште со насловот ова дело повикува алузија на друг, поранешен книжевен споменик, на познатата песна на Константин Кавафи, и на тој начин влегува во сферата на зрачењето на светското книжевно наследство. Романот на Куци ги презема атмосферата и сугестиите од делото со кое творечки кореспондира и, пропуштајќи ги низ сопствената творечка лабораторија, ги освојува, ги усвојува и ги посвојува, постигнувајќи на тој начин еден вид луцидна каскадност, умножувајќи ги нивоата на можно читање, и со тоа збогатувајќи ја сопствената уметничка вредност. Во романот истовремено се воведуваат импулси и од други значајни дела од светската висока литература: Достоевски, Кафка, некои филозофи… Фасцинацијата од уметноста на рускиот класик најмногу доаѓа до израз во романот „Мајсторот од Петербург“,
додека Кафка е „присутен“ во „Чекајќи ги варварите“.
500,00 ден
500,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции