Со политиката за приватност ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет-страница. Оваа политика за приватност се однесува само за www.makavej.com.mk и за поддомените. Ако е присутен линк што ќе ве поврзе со други страници, не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци што ја обезбедуваат тие интернет-страници.
Секој корисник, при регистрација и при купување, изјавува дека е запознаен со нашата политика за приватност и дека се согласува со неа.
Ако се регистрирате, сите лични податоци што ќе ги внесете преку формата за регистрација ќе се користат за потребите за достава на производот, за реализација на плаќањето, како и за рекламирање производи и услуги обезбедени од наша страна, а ќе се чуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и нема да се отстапуваат на трети страни.
Овие информации ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка:
– име и презиме;
– електронска адреса;
– ваша адреса и место на живеење
– адреса за испорака на нарачката
– телефон за контакт и
– датум на раѓање.
Податоците што ги собираме и што се чуваат кај нас нема да се објавуваат, да се продаваат или да се доставуваат на трети страни, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
МАКАВЕЈ ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото да ги користи IP-aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и на законските постапки.
Не собираме никакви информации со финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Комерцијална банка а.д. Скопје со цел да се наплатат продуктите/нарачките преку извршување трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Комерцијална банка а.д. Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на своите неточни лични податоци и информации.
Малолетниците не смеат да даваат лични податоци без одобрение од своите родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или да користиме податоци од малолетни лица.
Ги преземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и од злоупотреба.
Со усвоената политика за приватност и за заштита на податоци МАКАВЕЈ ДООЕЛ ја демонстрира посветеноста кон заштитата на приватноста на клиентите.
Оваа политика за приватност стапува во сила од јануари 2024 година.
Промените во политиката за приватност ќе бидат јавно објавени на интернет-страницатa www.makavej.com.mk најмалку 10 дена пред да стапат на сила.