Концертмајсторот

Сподели :

Роман за жестоките трауми, страдањата и за големата и исцелителна љубов во времето на цврстиот тоталитаристички период и во годините на „перестројката“ во големата Русија, главно прикажан преку животот на семејството Норштејн-Храповицки. Роман едноставен и сложен во исто време, како животот на милионите Руси во засегнатиот период. Лакмусот на сите трогателни и величествени собитија кои концентрично се пластат од страница во страница е чудесниот пијанист, концертмајсторот Арсениј.
Наративната магија која полека се расплетува низ седум поглавја е семејна сага за децениите на советската ера, чии подводни струи некои ги однесуваат до врвот на моќта, а други ги туркаат во витлите на неповратот.
Од насловот на романот „Концертмајсторот“ станува сосема јасно дека атмосферата во која живеат и дејствуваат ликовите е музичка. На неговите страници, заедно со ликовите создадени од имагинацијата на писателот, се појавуваат како одлична документарно-историска поткрепа и еминентните советски и светски музички дејци Хреников, Шостакович, Рихтер, Нојхаус и други.

Издавач :

Оригинален Наслов : Превод на делото: Концертмейстер / Максим Замшев, превод од руски Бранко Цветкоски

ISBN : 978-608-205-562-6

Година :

Страници : 303

Формат : А5, 21 cm

Корица : мека

Јазик :

Едиција :

600,00 ден

In stock

Подарете книга и израдувајте ги своите најблиски

600,00 ден

In stock

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0

Најавете се со вашата корисничка сметка

Почитувани пријатели и читатели, поради нашето отсуство за летните одмори, нарачките што ќе пристигнат од 20 јули до 7 август ќе почнат да се процесираат и да се испорачуваат со почеток од 8 август 2024.

Благодариме за разбирањето! Пријатни летни одмори, Ваш Макавеј!