Eпот „Беовулф“ е напишан некаде помеѓу 650 и 800 година и структурно е поделен на два дела: првиот говори за младоста на Беовулф а вториот за неговата старост. Интересно е дека има педесетгодишен јаз меѓу нив, а тоа е времето на кралствувањето на Беовулф со неговиот народ, Геатите, кога Беовулф бил добар и правичен крал кој умешно и мудро го раководел кралството. Централно место во структурата заземаат трите големи борби на Беовулф: првата со чудовиштето Грендел, втората со неговата чудовишна мајка, потомка на библискиот убиец Каин и третата со змејот во која Беовулф го губи животот.
315,00 ден
315,00 ден
Бидете во тек со сите наши новитети и промоции