 |
 |
 |
Збирката раскази „Пат во неврат“ од писателот Васе Манчев, е ново издание на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје.
Збирката раскази на Манчев содржи дваесетина текстови, тематски разделени во три циклуси кои ги обединува димензијата на времето – „Пат со времето“, „Пат низ времето“ и „Пат без време“.
- И со оваа своја збирка раскази Васе Манчев на супериорен начин ја докажува својата раскажувачка дарба, посебно во доменот на краткиот расказ. Сите текстови од оваа книга се неспоредливо привлечни во контекст на современиот македонски расказ, посебно со ирониската стилска матрица и со неповторливиот лирски полнеж во прозниот израз, истакнува поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски.
|
 |
Нов препев на лириката од Јехуда Амихај во издание на „Макавеј“
Поетското дело на големиот еврејски поет Јехуда Амихај кој во 1995 година беше добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, во издание на скопски „Макавеј“ доживеа ново издание со наслов „Луѓето без иднина ги љубат луѓето без минато“.
Овој поетски избор што го приреди и од англиски јазик го препеа младиот македонски поет Никола Маџиров содржи стотина песни, најпознатите од сите фази на големиот еврејски и светски поет. По книгата која излезе во 1995 година на Струшките вечери на поезијата, „Луѓето без иднина ги љубат луѓето без минато“ е второ, ново презентирање на Амихај пред македонската читателска публика.
Јехуда Амихај е еден од клучните поети на современата светска поезија и пред неговата смрт во 2000 година неколкупати беше номинаран и за Нобеловата награда за литература. За респектот кон неговата исклучителна поезија во светот говори и изјавата на големиот англиски поет и струшки венцоносец Тед Хјуз, кој вели: „Тој е поет чии книги ги отворам најчесто, чии книги најчесто ги носам на патувањата, книги на кои најчесто се навраќам.“
|
 |
"Moќта на шармот" од Брајан Трејси и Рон Арден
Може да научите да бидете пријатна, дружељубива, привлечна и шармантна личност само со применување на некои од комуникациските методи и техники кои ги користат повеќето влијателни и моќни луѓе во светот денес.
Co дознавањето на едноставната вистина за шармот и со применувањето на техниките кои следат, можете значително да ја подобрите ефикасноста и задоволството на вашата комуникација со сите, почнувајќи од вашето семејство ...
Ќе бидете поуспешни, ќе заработувате повеќе пари, ќе бидете унапредени побрзо, ќе продавате повеќе, ќе преовладувате во повеќе преговори и ќе бидете поубедливи и повлијателни со секого што ќе го сретнете...
|
10 ГОДИНИ ИЗДАВАЧКА КУЌА МАКАВЕЈ |
Почитувачи на убавата мисла, издавачката куќа Макавеј со големо задоволство Ве поканува на 22 меѓународен саем на книгата. Дојдете заедно да го прославиме 10-годишното постоење на ИД "Макавеј" Ве очекуваме со големи изненадувања!!! |
 |
 |
Нови изданија од Макавеј |
 |
"Зошто и како во спорот за нашето име" од проф. д-р. Јованка Кепеска
Книгата есеи "Зошто и како во спорот за нашето име" од проф. д-р. Јованка Кепеска, универзитетски професор во пензија и еден од ретките македонски проучувачи на филозофските, социолошките и
технолошките аспекти на современиот развој на цивилизацијата и посебно
на посткомунистичките општества.
Во новата книга на Кепеска, на 150 страници, се поместени есеи за
настаните од последните две-три години во одбрана на името на нашата
нација, на народот и на јазикот. Есеите се поместени во четири
тематски раздели - "Гледишта и приоди во развојот на нацијата", "Зошто
и како во спорот за нашето име" "Демократизацијата на општеството и
нацијата" и "Поединецот, нацијата и креативноста".
Во препораката кон книгата проф. д-р. Димитар Мирчев, меѓу другото,
истакнува: "Бидејќи спорот со името не е разрешен, објавувањето на
оваа книга се јавува како поддршка во напорите да се заштитат
македонските национални интереси. Во последните години имаше повеќе
обиди спорот за името да се обработи аргументациски, да се промисли и
рационално да се димензионира. Во тој контекст оваа книга на Кепеска е
неспоредлива со повеќето такви обиди и бездруго внесува оригиналност,
свежина и иновативност во погледите, излезните решенија и во
промислувањето на овој проблем".
|
 |
ВТОРА ПОЕТСКА КНИГА НА МЛАДИОТ БОЖИДАР ЗИМСКИ
Во едицијата за млади поетски објави Книгоиздателството Макавеј од Скопје ја објави втората книга на младиот поет Божидар Зимски со наслов „Така умираше една риба“.
Во новата стихозбирка на Зимски, којшто со првата книга „Кога кравите ќе се вратат дома“ предизвика сериозно внимание, пред сè со својата ирониска димензија и извонредната асоцијативност, се презентирани педесетина песни со уште пожестоки и подлабински понирања во конвулзиите на младата личност во нашето време. Истовремено поезијата на младиот Зимски е отворена за историски, социолошки и естетски контексти без кои е уште послоевит неговиот поетски говор.
|
 |
ПУБЛИЦИСТИЧКА КНИГА ОД ФИЛИП ПЕТРОВСКИ
– НА БУГАРСКИ ЈАЗИК
Во копродукција на софиски „Мултипринт“ и скопски „Макавеј“
Познатиот млад македонски политичар, интелектуалец и колумнист Филип Петровски објави публицистичка книга со наслов „За нас“ на бугарски јазик.
Изданието кое се појави во копродукција на македонскиот издавач „Макавеј“ од Скопје и софискиот „Мултупринт“ претставува избор од неговите најзначајни собраниски излагања, интервјуа, колумни и политички полемики кои Петровски ги објави во Македонија во изминатите десетина години. Книгата за нас на бугарски јазик ја преведе современиот бугарски публицист и писател Николај Шопов и на извесен начин претставува своевидна политичко-социолошка хорнологија и анализа на најзначајните етапи од македонското демократско зреење и државно-политичко осамостојување.
|
 |
„Стара Еда“ –
(прев. Весна Ацевска)
|
 |
„ШАШМА“ – НОВ РОМАН ОД МЛАДЕН СРБИНОВСКИ
Писателот, драмски автор и колумнист Младен Србиновски во прозната едиција на Книгоиздателството Макавеј од Скопје го објави својот нов роман со провокативен наслов „Шашма“.
Романот на Србиновски на близу 250 страници експонира ретка прозна хроника на Скопје, веројанто единтвената до сега, која преку судбината на неколку семејства од различни националности ја доловува тревожната историска врвица на македонскиот главен град. Според замислата на авторот во ова издание е поместен првиот дел од романот а во наредното со второто продолжение тој ќе биде целосно објавен во заеднички корици.
Во препораката кон делото издавачот укажува дека и досега критиката по неговата нараторска уверливост и зачудност Србиновски го споредуваше со големите балкански писатели Андриќ, Талев, Памук, а со овај роман кој е дел од морничавата магичност на Скопје низ вековите, може слободно да се рече дека тој се израмнува со спомнатите корифеи на прозата.
Србиновски, покрај со своите раскази, драми и романи за деца, првиот голем пресврт во македонската проза го направи со романот „Приказни од долна земја“.
|
 |
„СМЕШНО-КИСЕЛИ БАСНИ ОД РИСТО ДАВЧЕВСКИ
Со необичен наслов „Приказни со смешно и кисело“ во Книгоиздателството Макавеј од Скопје излезе од печат збирката басни од доајенот на македонската литература за деца Ристо Давчевски.
Овој писател за деца и млади е единствениот автор од Македонија кој сериозно и со полна творечка енергија му пристапува на овој специфичен жанр од книжевното творештво за деца. Во оваа збирка басни Давчевски во 60-тина текстови ќе го доживееме преку нему својствениот дијалог со силно дозирана динамика, што е реткост кај баснописците пред него.
Со тој негов манир, како што истакнува литературниот критичар Бранко Цветкоски, како и досега, темата на неговите басни, колку и да е сериозна, колку и да е темна, колку и да е алузивна, остро сатирична, ни овозможува да ја доживееме весело, со насмев и потсмев.
Со басните „Приказни со смешно и кисело“ од Давчевсаки го допираме она што зрачи меѓу редовите, асоцијацијата во спојот на свеста и потсвеста, она што авторот му го остава на читателот за да пробуди низа размисли за животот, полезни и вознемирувачки како за младите така и за возрасните читатели.
|
 |
ПРИЈАТЕЛИ
Автор: Димитар Христов Чорбаџијски |
 |
Историскиот детерминизам и македонскиот јазик (ХХ век)
Автор: Стојан Киселиновски
|
 |
„ХРАМОТ НА МОЛЊИТЕ“ –
ПОЕТСКИ ИЗБОТ ОД РАДОВАН ПАВЛОВСКИ НА БУГАРСКИ ЈАЗИК
Во копродукција на „Мултипринт“ од Софија и „Макавеј“ од Скопје
Еминентниот македонски поет Радован Павловски деновиве со обемен поетски избор со наслов „Храмот на молњите“ се претставува пред читателската јавност во Бугарија. Издание од поезијата на Павлоски се појави во избор, со предговор и препев на бугарскиот поет Роман Кисјов, а во копродукција на софиски „Мултипринт“ и скопски „Макавеј“.
Во издание на бугарски јазик се поместени над 100 песни од сите поетски фази од творештвото на Павловски. Во предгоровот бугарскиот поет Кисјов наведува дека поезијата Павловски има исклучително влијание во современата македонска поезија и дека неговата лирика е една од најпопуларните на Балканот, а преку бројните преведои и респектирана во светот.
Во бугарското издание на поезијата на Павловски се поместени и искажувања за неговото поетско дело од видни балкански критичари, меѓу кои и од Влатко Павлетиќ, Георги Старделов, Милан Ѓурчинов, Зоран Глушчевиќ, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ.
Романот „Донесена од маглата“ е исклучителна наративна сторија за моќта на верата, моќта на моралот и за моќта на земната страсна љубов. Во тој концептуален триаголник се збиднува извонредната прозна илуминација која е на свој начин неделива од високите вредности на словенечката католичка традиција.
Фери Лаиншчек е еден од најпопуларните словенечки писатели во овој миг. Носител е на многу словенечки и меѓународни книжевни награди, а во 2008 година беше номиниран меѓу десетте финалисти за Европската книжевна награда – Europa Book Prize.
Како што е познато, со проектот „Сто словенски романи“ меѓународната установа „Форум на словенските култури“ започнува интензивна литературна размена меѓу словенските народи, како и запознавање на несловенскиот свет со словенската литература.
Овој обемен долгогодишен проект го помага Министерството за култура на Република Македонија, а координатор од Македонија во Форумот на словенските култури е писателот Димитар Башевски. |